All for Joomla All for Webmasters

+398 43 370 720 +389 2 5057 753  

Центар за помош на лица со ментален хендикеп ,, ПОРАКА НЕГОТИНО-НЕГОТИНО,,

РАЗВОЈ НА ПРОГРАMАТА

Од 2003 година започна со работа Дневен центар на ПОРАKА НЕГОТИНО во Неготино и од 2012 година Дневен центар на ПОРАKА НЕГОТИНО во Волково, општина Ѓорче Петров, Скопје.
Овие Дневни центри претставуваат сервис за поддршка на лицата со попреченост во менталниот развој кои живеат кај своите родители и поддршка на лицата со пречки во менталниот развој опфатени со процесот на деинституционализација кои живеат во заедницата со поддршка во Службите за домување во заедницата во Неготино и Скопје.
Околу 50 лица со попреченост во менталниот развој ги користат услугите на Дневен центар во Неготино и 30 лица со попреченост во менталниот развој во Дневен центар Волково.
Дневните центри имаат за цел дневно згрижување, социјализација, едукација, работна ангажираност и оспособување за самостојно живеење, како и промовирање на корисноста на лицата со пречки во менталниот развој во општеството. Исто така имаат за цел да им помагаат на родителите на овие лица да можат да го организираат својот живот и да ги извршуваат секојдневните семејни и општествени обврски.
Дневните центри даваат голема поддршка во спрове-дување на процесот на деинституционализација.
Во Дневните Центри се реализираат голем број на активности во склоп на работилниците и надвор од нив.

Активности во Дневните Центри
 
Kреативната работилница опфаќа секојдневна обука за рачно везење и шиење, шиење на машина, плетење, ткаење, работа со тесто, гипс и глина, изработка на честитки накит и други украсни предмети.
Целта на креативната работилница е поттикнување и развивање на естетски чувства, како и анимирање и работна окупација на самите корисници. Со работилницата раководи обучен асистент, а во неа учествуваат од 8 до 10 корисници.

Работилница за работно окупирање и оспособување


Работилницата за готвење овозможува обука за подготовка на храна, декорирање и послужување.
Секојдневно од 3 до 5 корисници учествуваат во оваа работилница и при тоа се обучуваат за самостојно подготвување на различни видови на храна, како истата да се декорира и послужи, бонтон при јадење, користење и одржување на приборот и сл. Работилницата е раководена од страна на обучен асистент.