All for Joomla All for Webmasters

+398 43 370 720 +389 2 5057 753  

ПОРАКА НЕГОТИНО е организација на родители која е плод на желбата на родители на дете со посебни потреби да обезбедат сигурна и здрава иднина за нивното дете а и за сите останати лица со посебни потреби. Лица кои ќе имаат достоен дом, кои ќе бидат почитувани, социјализирани, инклузирани и работно ангажирани. Желбата и сигурната мотивираност ја создаде реалноста. Денес ПОРАКА НЕГОТИНО е здружение кое работи на три програми:

- организирано живеење на лица со попреченост со поддршка и

- Дневни центри за овие лица.

- работно ангажирање и вработување

Во организираното живеење со поддршка, се опфатени 86 лица со интелектуална попреченост се сместени во вкупно 18 станбени единици од кои 9 во Неготино и 9 во Скопје. Лица кои дваесет или триесет години својот живот го поминале во институциите кадешто ги немале ни основните услови за живот, кои им се загарантирани со Уставот на Р. Македонија. Денес овие лица го живеат својот сон, нивниот нов живот.

Нашата мисија е да обезбедиме подобар и поквалитетен живот на лицата со попреченост преку осмислување на нивниот секојдневен живот, дневно згрижување, едукација, организирано живеење со поддршка, работно оспособување и ангажирање, вклучување во спортски културни и забавни активности, креативни работилници, промоција на нивните таленти и способности, едукација на родителите и организирање на трибини.

 

Целни групи

Лицата со интелектуална попреченост  кои живеат со своите семејства, од регионот на Неготино и Волково - Скопје;
Лицата со интелектуална попреченост опфатени со процесот на деинституционализација во Р. Македонија;
Родителите и семејствата на лицата со интелектуална попреченост .

 

Стратешки цели

Промовирање и заштита на правата на лицата со интелектуална попреченост;

Интеграција и инклузија на лицата со интелектуална попреченост;

Примена на ЕУ стандарди, приближување на законодавството (за лица интелектуална попреченост) на Р. Македонија кон Европското.

 

Историјат

Од 2003 год. ПОРАКА НЕГОТИНО НЕГОТИНО делува како самостојно родителско здружение за лица со интелектуална попреченост.
Од 01.10 2003 година отпочна со функционирање Дневен центар во Неготино.
Од 2008 година започнавме со имплементирање на процесот на деинституционализација на лица со интелектуална попреченост од Специјалниот Завод во Демир Капија во Станбени единици за домување со поддршка во Неготино.
Во јуни 2010 год. ПОРАКА НЕГОТИНО стана членка на Inclusion Europe.
Од јануари 2012 година ПОРАКА НЕГОТИНО – Неготино започна со менаџирање и на Станбените единици за домување со поддршка во заедницата во Скопје. Истата година започна со работа и Дневниот центар на ПОРАKА НЕГОТИНО во Волково, општина Ѓорче Петров, Скопје.
ПОРАКА НЕГОТИНО – НЕГОТИНО, континуирано работи и на превенција од институционализација на лицата со интелектуална попреченост кои живеат со своите родители.

 


Извештаи и финансии