Работно ангажирање и вработување
Една од основните задачи со која ја остваруваме и нашата цел и нашата законска обврска е и работното ангажирање преку организирање на работно-производна активност, работна терапија со цел оспособување нанашите корисници заради нивно активно вклучување во секојдневниот живот.
Работното ангажирање во нашата организација е сочинето од следниве подрачја :
А. Фарма
Б.Земјоделие
В.Продажба
Г. Превземање и разнесување на пекарски производи
Д. - Шивачка работилница
Ѓ. ПЕЧАТАРСКА РАБОТИЛНИЦА
Е.Собирање и рециклирање на хартија и пластика
А. Фарма – Фармата на ПОРАКА НЕГОТИНО во Волково е сочинета од одгледување на кози и кокошки. Со ова корисниците се стекнуваат со активно познавање на одгледувањето на овие животни, исто така добиваат и знаење за придонесот од нивно одгледување. Активности кои се спроведуваат во фармата се следните :
- редовно хранење на животните
- редовна проверка на вода намената за животните
- оддржување на хигиената во делот наменет за животните
- препознавање на симптоми на одредени болести кај истите
- навремено одвојување при имање на приплод
- дохранување/заранување на новите животни
- Следење на нивните билошки потреби
- Молзење на кози, собирање на јајца од кафези за кокошките,
- Обработка на млекото и изработка на млечни производи ( млеко, сирење, јогурт, урда).
- Поделба на добиените производи според потребите на Станбените заедници.
Б.Земјоделие - Нашата организација располага со 2000м2 обработлива површина. Исто така располагаме и со две фолии од 200 м 2 површина за рано производство на градинарски култури. Градинарските култури кои се одгледуваат се посејуваат програмски и се наменети само за потребите на корисниците кои се сместени во Станбените единици за домување.Мораме да напоменеме дека сите посадени градинарски култури се органски. Активности кои се спреведуваат се следните :
- Следење за сезонско садење на градинарски култури
- Наводнување на насадените култури
- Мануелна обработка на земјата каде се посадени градинарските култури
- Природна заштита од евентуални болести
- Берба на посадените култури
- Спремање на земјата за садење нови култури
- Собирање, конзервирање и обработка на новите плодови
- Поселба на новото по Станбени заедници.
В. Продажба на уличен магазин ЛИЦЕВЛИЦЕ и наши производи изработени во креативна работилница . Со продажба на уличното списание ЛИЦЕВЛИЦЕ корисниците стапуваат во интерактивна комуникација со купувачите и се овозможува поттикнување на социјалната инклузија.
Г. Превземање и разнесување на пекарски продукти. Работната група ја сочинуваат вкупно 5 корисници кои секој работен ден од понеделник до петок од 13.00 часот се вклучени во превземањето и разнесување на пекарски продукти наменети за потребите на сите Станбени единици.
Д. - Шивачка работилница Целта на оваа работилница е подготовка за работно ангажирање и работна терапија во делот на шиење, кроење и везење. Преку оваа работилница се овозможува корисниците да изработуваат производи кои се од продажен карактер како: еко-торбички, несесери, перници, марами, и др.
Ѓ. ПЕЧАТАРСКА РАБОТИЛНИЦА Целта на оваа работилница е подготовка за работно ангажирање и работна терапија во делот на печатење, компјутерска обработка на слика и притање. Корисниците се стекнуваат со вештини преку изработка на печатена керамика, платно, камен.
Е.Собирање и рециклирање на хартија и пластика Со оваа работна активност се овозможува социјално вклучување на лицата со попреченост во заедницата и нивно општествено интегрирање преку нивно активно и постојано работно ангажирање. 10 лица со попреченост се обучени и оспособени за собирање, рециклирање и балирање на пластика и хартија. Исто така напоредно се работи и на подигање на јавната свест кај населението за правилно рециклирање на отпадот и користење на контејнерите за таа намена. Активности кои се спроведуваат:
- Собирање на пластика и хартија
- Рециклирање и селектирање
- Работа на преса